Јокиќ и Адетокунбо играчи на јануари во изборот на НБА
- НБА ги прогласи најдобрите играчи во Западната и Источната конференција за јануари.

Вашингтон, 5 февруари 2025 (МИА) - НБА ги прогласи најдобрите играчи во Западната и Источната конференција за јануари.
Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше најдобар на Западот, додека Јанис Адетокунбо од Милвоки бакс го доби признанието во Источната конференција.
Јокиќ во првиот месец од 2025 година на 14 натпревари имаше просек од 27,0 поени, 12,8 скока, 11,4 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар. Трикратниот МВП на лигата им помогна на Нагетс да дојдат до биланс 10-4 (победи-порази).
Адетокунбо имаше просек од 30,5 поени, 13,2 скока и 5,7 асистенции по натпревар додека со 60 отсто шут од поле. Бакс го завршија месецот со ефект 9-6. зс/
Фото: ЕПА