• сабота, 16 мај 2026

Јанчев: Кавадарци има отворени проекти од 19 милиони евра, презентирана веб-платформа со активности од сите сектори 

Јанчев: Кавадарци има отворени проекти од 19 милиони евра, презентирана веб-платформа со активности од сите сектори 

Кавадарци, 15 април 2026 (МИА) -  Општина Кавадарци има отворени проекти во вредност од 19 милиони евра, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, при презентирањето на нова веб-платформа со проектни активности од сите сфери.

Во присуство на раководители на повеќе сектори,  тој претстави проекти во рурална и урбана средина и подвлече дека има експанзија во комуналната изградба. 

- Сите овие проекти и многу други, ќе бидат ставени на новата апликација, на веб-страницата на интернет, секој ќе може да ги види со информации, слики и локации, појасни градоначалникот.   

Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом, прва фаза од гасификација, реконструкција на градски отворен базен, доградба на спортски центар, изградба на картинг патека, доградба на покриен базен и изградба на спа центар, био пазар, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост, велосипедски патеки до Тиквешко Езеро, садење дрвја и цвеќиња, асфалтирање улици, се дел од проектите што се реализираат, во рамките на повеќе сектори. свд/хс/


Фото: МИА 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан