• среда, 10 декември 2025

Јакимовски постави рекорд во Еврокупот

Јакимовски постави рекорд во Еврокупот

Тренто, 10 декември 2025 (МИА) - Кошаркарот на Тренто, Андреј Јакимовски, одигра извонреден  натпревар вчеравечер на гостувањето против Бург во Б-групата од Еврокупот.

Италијанскиот тим победи со 91:73, а Македонецот стигна до 43 индексни поени. што е рекорд оваа сезона во Еврокупот.

Јакимовски средбата ја заврши со 30 поени, три асистенции и седум скока.

Воедно, ова е рекорд и во тимот на Тренто во натпревар од Еврокупот. Претходниот рекорд го држеше Гари Браун пред пет години. зс/

Фото: Еврокуп „Х“

Остани поврзан