• среда, 18 март 2026

Јавното комунално претпријатие Брегалница уреди нови цветни паркови во Делчево

Јавното комунално претпријатие Брегалница уреди нови цветни паркови во Делчево

Делчево, 26 февруари 2026 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ денеска успешно ја заврши акцијата за уредување на две јавни парцели на територијата на Делчево, кои добија целосно нов и разубавен изглед со засадување сезонско цвеќе и уредување со декоративен камен.

Како што информираат од претпријатието, активностите се дел од континуираните заложби за подобрување на урбаното зеленило и создавање поубаво, почисто и попријатно опкружување за граѓаните.

-Со внимателен избор на сезонски насади и детално уредување, двете парцели се претворија во освежени зелени катчиња кои значително го подобруваат изгледот на просторот, истакнаа од ЈКП Брегалница. 

Изразија искрена благодарност до вработените во Секторот „Паркови и зеленило“, кои со високо ниво на посветеност и професионалност ја реализираа акцијата.

-Посебна благодарност упатуваме до раководителката Розета Цонева, која заедно со својот тим даде значаен придонес во уредувањето на парцелите. Исто така голема благодарност и до Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски за континуираната поддршка, не само во оваа активност, туку и во останатите сегменти од работењето на претпријатието, додадоа од делчевското комунално претпријатие.

Од ЈКП Брегалница најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со слични активности, со цел создавање поуредено и поубаво Делчево, во интерес на сите граѓани. вс/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан