• четврток, 19 март 2026

Почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Од општина Босилово вечерва почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Во рамки на кампањата, како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места.

Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои ќе ја посетат секоја една општина.

-Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици. Сакаме да слушнеме забелешка, критика, пофалба. Оваа комуникација е за да бидеме постојано меѓу земјоделците, зашто таму се пробпемите и решенијата, затоа и оваа комуникација е многу важна, изјави Трипуновски.

Тој уште еднаш нагласи дека за Владата секој земјоделец е важен.

-Како Министерство, продолжуваме да ги спроведуваме политиките и во комуникација сме со секој земјоделец. Владата посветува внимание на секој земјоделец кој произведува, зашто секој земјоделец е важен, потенцира Трипуновски.

Министерот порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина, со силно земјоделство.

-Во Босилово, согласно Фарм регистарот, има над 1 600 земјоделски стопанства и околу 10 000 хектари обработливо земјиште, од кои 2 000 се во државна, а 8 000 хектари во приватна сопственост, рече Трипуновски.

Во Босилово, по повод почетокот на кампањата, се одржа трибина. мч/сa/

фото: МЗШВ

   

Остани поврзан