• сабота, 21 февруари 2026

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на фејсбук-страницата објави дека Скопје е чисто и проодно од снегот и оти службите обезбедиле непречено одвивање на сообраќајот.

- Скопје - чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот - наведе Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додава дека грижата за безбедноста на граѓаните и функционалноста на градот останува приоритет, а Скопје мора да функционира, без разлика на временските услови. нд/са/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан