• сабота, 13 декември 2025

Ѓорѓиевски на средба со Меџити и Бакиу од ВРЕДИ: Добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје

Ѓорѓиевски на средба со Меџити и Бакиу од ВРЕДИ: Добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје

Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) - Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, имал средба со Изет Меџити и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ од кои, како што објави на Фејсбук, добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори.

-Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје. Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!, напиша Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил. 

Во вториот круг на локалните избори, на 2 ноември, противкандидат на Ѓорѓиевски за градоначалник на главниот град ќе му биде Амар Мециновиќ од Левица. хс/вј

Фото: ФБ Орце Ѓорѓиевски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан