• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски: Гласаме за иднината на нашите семејства

Ѓорѓиевски: Гласаме за иднината на нашите семејства

Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска го оствари своето гласачко право на избирачкото место 2789 во новата детска градинка во Драчево, во месноста Потстаница, Општина Кисела Вода. 

-Штотуку го остварив своето гласачко право. Како и во првиот круг, се надевам дека и во вториот круг ќе бидат мирни и демократски овие избори. Ова е празник на демократијата и се надевам дека до завршување на изборите се ќе биде во најдобар ред. Денеска се гласа за иднината на нашите семејства, за иднината на нашите деца и се надевам дека што помасовно ќе излезат граѓаните да го дадат својот глас, изјави Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање што би биле првите чекори доколку биде избран за градоначалник на Град Скопје, Ѓорѓиевски рече дека тоа се реорганизација на јавните претпријатија, стабилизирање на нивната состојба и чистење на градот во првите 72 часа. мд/вј/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан