Шчесни: Последниве шест месеци беа предизвик за мене, но среќен сум поради одлуката да се приклучам на Барса
- Голманот Војчех Шчесни е задоволен од одлуката да се пресели во Барселона.

Барселона, 22 јануари 2025 (МИА) – Голманот Војчех Шчесни е задоволен од одлуката да се пресели во Барселона.
Триесет и четиригодишниот Шчесни стана играч на каталонскиот клуб на почетокот на октомври 2024 година.
- Не сакам да се навраќам наназад бидејќи има уште долг пат да се оди во Лигата на шампионите. Има фантастични тимови таму и мораме да бидеме максимални ако сакаме да останеме конкурентни. Последниве шест месеци беа предизвик за мене, но можам да кажам дека сум многу среќен поради одлуката да се преселам во Барселона, изјави голманот Војчех Шчесни за „Movistar+“.
Полскиот голман вчеравечер прими четири гола на дуелот (5:4) со Бенфика и беше најслабо оценет играч во победничкиот состав. зс/
Фото: ЕПА