• понеделник, 29 декември 2025

Штипјанец фатен со 4.333 парчиња пиротехнички средства

Штипјанец фатен со 4.333 парчиња пиротехнички средства

Штип, 9 декември 2025 (МИА) – Четириест и седумгодишен штипјанец синоќа е лишен од слобода, откако на неговата тезга на Градскиот плоштад „Слобода“ биле најдени 1.340 парчиња пиротехнички средства.

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информира дека синоќа во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронашле и одзеле 1.340 парчиња разновидни пиротехнички средства.

- Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2.993 парчиња различни пиротехнички средства, се вели во соопштението од СВР-Штип

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан