• петок, 12 декември 2025

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ домаќин на истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU)

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ домаќин на истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU)

Штип, 17 ноември 2025 (МИА) – Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска и утре е домаќин на  истражувачка мисија, на кој присуствуваа сите девет универзитети во рамките на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU). Проректорот на УГД-Штип, Ана Никодиновска-Крстевска вели професорите од Алијансата учествуваат во креирање на идни едукативни можности кои во наредниот период ќе бидат дел од редовната настава.

-Идејата беше, затоа што се соочуваме со многу предизвици во последно време, решивме дека ова за нас е една актуелна тема која би сакале да ја дискутираме, вели Никодиновска Крстевска.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски појасни дека темата на настанот беше безбедно и инклузивно општество, кое ќе ги покрие безбедноста и сигурноста на населението од сите аспекти. Целта е преку разни активности да се дојде до заеднички додипломски студии и еден универзитет за сите студенти.

-Почнуваме од кратки обуки, летни школи, а треба да завршиме со зеднички додипломски студии, изјави Мираковски.

На настанот присуствуваа и професори од други универзитети и држави кои придонесоа за реализација на овој проект.

Денешната истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU) е од големо значење и за Штип, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, бидејќи какошто посочи се отвораат нови можности за сите за помодерно и поинклузивно општество.

-Овој настан навистина ќе овозможи посилни институции, можност за создавање политики преку кои ќе се создаде и ќе се креира едно посовремено, помодерно и поинклузивно општество, рече Јорданов. вдј/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан