• петок, 05 декември 2025

Шест жртви во пожар во магацин за парфеми во Турција

Шест жртви во пожар во магацин за парфеми во Турција

Анкара, 8 ноември 2025 (МИА) – Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.

Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.

Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот. јт/

Фото: Анадолија

Остани поврзан