• среда, 07 јануари 2026

Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро

Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро

Берн, 5 јануари 2025 (МИА) – Швајцарија ги замрзнува сите средства депонирани во земјата, кои се поврзани со венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговите соработници, откако тој беше уапсен од САД, соопшти денеска Швајцарското федерално собрание (Парламент).

- Мерката, која стапува во сила веднаш за период од четири години, има за цел да го спречи одливот на потенцијално нелегални стекнати средства и ги надополнува постојните санкции против Венецуела од 2018 година, се наведува во соопштението од швајцарскиот Парламент.

Исто така се додава и оти замрзнувањето на средствата не ги засега членовите на сегашната венецуелска Влада, а Швајцарија посочи дека ќе ги врати сите средства на венецуелскиот народ, за кои ќе се утврди дека се стекнати нелегално. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан