Четири тајландски војници убиени во нови борби на камбоџанската граница, соопштија тајландските власти
- Тајланд соопшти дека четворица тајландски војници се убиени денеска во нови судири на камбоџанската граница.
Бангкок, 13 декември 2025 (МИА) - Тајланд соопшти дека четворица тајландски војници се убиени денеска во нови судири на камбоџанската граница.
„Уште четворица војници загинаа“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Сурасант Конгсири, на прес-конференција, додавајќи дека бројот на жртви во тајландската армија од обновените борби во понеделникот сега достигна 14.
Претходно денеска, тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изјави дека неговата земја ќе продолжи со воените операции против Камбоџа сè додека не се отстранат „заканите“.
Тој ги негираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера телефонски разговараше со Анутин и камбоџанскиот премиер Хун Сен и рече дека двајцата се согласиле да „престанат со секаков оган“. мс/
фото: ЕПА архива