Четири лица, од кои тројца полициски службеници, повредени во сообраќајка кај Струга
- Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид - Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Струга, 10 февруари 2025 (МИА) - Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид - Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и „Опел“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на М.А.(52) од Струга.
- Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на опелот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Патниците во полициското возило, Д.П.(29) и Д.К.(28), двајцата од Скопје и Д.Ј.(31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. За карактерот на нивните повреди ќе следува дополнителна информација, изјави Димоски.
Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи. сс/сст/
фото МИА архива