Четири дебарски каратистки дел од македската резентација на Балканскот шампионат во Риека
- Четири каратистки од дебарскиот клуб „Дибра“ ќе бидат дел од македонската карате респрезентација на 25.балкански шампионат, што од 7 до 9 ноември ќе се одржи во Риека, Хрватска.
Дебар, 5 ноември 2025 (МИА) - Четири каратистки од дебарскиот клуб „Дибра“ ќе бидат дел од македонската карате респрезентација на 25.балкански шампионат, што од 7 до 9 ноември ќе се одржи во Риека, Хрватска.
-На овој значаен спортски настан, каратистите од балканот ќе ги одмерат силите во категориите: кадетска, јуниорска и помлади сениори до 21 година. Гордо претставувајќи го нашиот град и земја на балканската арена, дел од македонската репрезентација ќе бидат и дебарските каратистки Ера Коџа, Хена Франгу, Блина Горенца и Буна Сеља, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер.
Додава дека учеството на ова првенство е овозможено благодарение на поддршката и спонзорството на компанијата „Плис Резиденс Дибр“ на браќа Фатон и Доњет Даци, на кои им изразува посебна благодарност за придонесот даден во развојот на спортот и во поддршката на младите во Дебар.
И овој пат, според Пачуку, не изостанува поддршката од локалната власт на Дебар. вт/
Фото: плакат