ЦУК дел од развојот и тестирањето на Националниот план за одговор и координација на кибер инциденти (NCIRP)
- Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Али Мухамед, заедно со државниот советник за ИКТ при ЦУК, Игорче Каранфилоски, учествуваат на дводневниот национален настан посветен на развој и тестирање на Националниот план за одговор и координација на кибер инциденти (NCIRP) што вчера и денеска се одржува во Охрид.
Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Али Мухамед, заедно со државниот советник за ИКТ при ЦУК, Игорче Каранфилоски, учествуваат на дводневниот национален настан посветен на развој и тестирање на Националниот план за одговор и координација на кибер инциденти (NCIRP) што вчера и денеска се одржува во Охрид.
На настанот, информираат од ЦУК, се претставува системот за управување со кризи како клучна институција во случај на кибер кризна ситуација, како и користењето на NICS платформата како основна алатка за координација.

-Настанот, организиран во рамките на проектот „Кибер Балкан“, финансиран од Европската Унија, ги обедини релевантните институции и тела за кибер безбедност со цел унапредување на националните капацитети за одговор на кибер инциденти и имплементација на Стратегијата за кибер безбедност 2025–2028, посочуваат од ЦУК.вј/вг/
Фото: ЦУК