ЦУК: Во Тетово има проблем со апсорпција на атмосферските и фекалните води поради интензивните врнежи од дожд
- Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Ова, како што велат, доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.
Од ЦУк апелираат за зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура и посочуваат дека надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.вј/
Фото: МИА архива