• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Цените на нафтата се намалија за повеќе од четири отсто бидејќи царините на Трамп би можеле да го забават економскиот раст

Цените на нафтата се намалија за повеќе од четири отсто бидејќи царините на Трамп би можеле да го забават економскиот раст

Лондон, 3 април 2025 (МИА) - Светските цени на нафтата денеска се намалија за повеќе од четири отсто бидејќи пазарите стравуваат дека новите царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја распламтат глобалната трговска војна која ќе го забави економскиот раст и ќе ја ограничи побарувачката на гориво.

Според берзанските податоци, цената на нафтата денеска во 13 часот се намалила за 4,73 отсто на 68,285 долари, а цената на нафтата од типот брент за 4,39 отсто на 71,648 долари за барел.

Пазарите не беа подготвени за ова ниво на царини, бидејќи главно се шпекулираше дека администрацијата на Трамп ќе воведе фиксна царина за сите земји во опсег од 15 до 20 проценти, коментира пазарниот стратег на групацијата ИГ, Јип Јун Ронг.

Според него, цените на нафтата се поврзани со изгледите за глобалниот економски раст, а економските проекции сега се очекува да бидат ревидирани најниско поради царините на Трамп, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Трговците и аналитичарите сега очекуваат поголема нестабилност на цените во блиска иднина, бидејќи некои земји би можеле да возвратат со сопствени царини или преку преговори со Белата куќа да ги намалат американските царини. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан