• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тајван е подготвен за подлабоки економски разговори со САД

Тајван е подготвен за подлабоки економски разговори со САД

Тајпеј, 10 април 2025 (МИА) – Тајван е целосно подготвен и воспостави робусни канали за комуникација со САД, изјави денеска тајванскиот министер за надворешни работи Лин Чиа-Лунг.

Коментарите на Лин дојдоа веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп објави 90-дневна пауза на „реципрочните“ тарифи со исклучок на Кина.

Лин рече дека дополнителната пауза од 90 дена нуди можност Тајпеј да се вклучи во подетални дискусии за економската и трговската соработка со САД, пренесе ДПА.

Тој изрази надеж дека овие разговори ќе го надминат „пасивниот одговор на реципрочните царини на Трамп и наместо тоа ќе послужат за зајакнување на билатералните економски врски“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан