Хоџа - Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина
- Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за понатамошно продлабочување на соработката со Швајцарија,во насока на усогласување со европските стандарди, одржливо управување со природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и за идната билатерална соработка во областа на животната средина.
- Министерот Хоџа на средбата изрази искрена благодарност за континуираната и значајна поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на државата повеќе од три децении нагласувајќи дека таа е еден од најголемите билатерални донатори и клучен партнер во реформските процеси, особено во секторите вода, управување со отпад, природа и климатска отпорност. Беа разгледани тековните проекти поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), меѓу кои проектите за интегрирано управување со цврст отпад, управување со подземните води, заштита на биодиверзитетот и екосистемите, како и зајакнување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија - соопшти МЖСПП.

Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за понатамошно продлабочување на соработката со Швајцарија во насока на усогласување со европските стандарди, одржливо управување со природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
- Амбасадорот Зомер ја реафирмира поддршката на Швајцарија за реформските процеси во Северна Македонија и изрази подготвеност за продолжување на партнерството преку програмата за соработка 2025 - 2028 - се наведува во соопштението. хс/дма/
Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање