• сабота, 22 февруари 2025

Хонг Конг најави забрана за електронските цигари на јавни места

Хонг Конг најави забрана за електронските цигари на јавни места

Хонг Конг, 10 февруари 2025 (МИА) - Хонг Конг ќе го забрани поседувањето и користењето електронски цигари на јавни места до средината на 2026 година, а тамошните власти наведуваат здравствени причини.

„За да ги заштитиме нашите млади луѓе, веруваме дека е време да се забрани употребата на електронски цигари“, рече локалниот здравствен службеник Ло ​​Чунг Мау.

Тој додаде дека ќе започне процесот на донесување законска регулатива против поседување и користење електронски цигари на отворено.

Најавата доаѓа речиси три години откако Хонг Конг го забрани увозот, производството и продажбата на електронски цигари и загреани тутунски производи. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан