• петок, 21 февруари 2025

Хегсет: Пентагон е подготвен да ги разгледа сите опции за Појасот Газа

Хегсет: Пентагон е подготвен да ги разгледа сите опции за Појасот Газа

Вашингтон, 6 февруари 2025 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон изјави дека Пентагон е подготвен да ги разгледа сите опции во врска со Појасот Газа.

„Би рекол во однос на Газа - дефиниција за лудост е да се обидува да се прави истото одново и одново“, рече Хегсет.

Според него, американскиот претседател е подготвен „да размислува надвор од рамката, да бара нови и уникатни, динамични решенија за решавање на проблемите што изгледале нерешливи“.

„Подготвени сме да ги разгледаме сите опции“, додаде Хегсет.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на заедничка прес-конференција со Нетанјаху повика на трајно раселување на Палестинците од Појасот Газа за да може САД економски да ја развијат областа и да ја претворат во „ривиера на Блискиот Исток“, што наиде на глобална осуда. паг/

Фото: Википедија

Остани поврзан