• сабота, 13 декември 2025

Хасани и Ковачевски на Конференција во Ерменија за развивање стандарди за парламентарен интегритет

Хасани и Ковачевски на Конференција во Ерменија за развивање стандарди за парламентарен интегритет

25 ноември 2025

Собраниска делегација составена од пратениците Илир Хасани, член на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и Димитар Ковачевски, член на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, нa 24 и 25 ноември 2025 година во Ереван, Република Ерменија, учествуваа на Конференција на тема: Развивање на стандарди за парламентарен интегритет во фокусот на ЕУ - Источното партнерство и перспективата на ОБСЕ регионот, во организација на ОДИХР и Собранието на Република Ерменија.

На конференцијата беше разговарано за интегритетот во политиката и улогата на парламентите како клучни демократски институции, за кодексите за пратеници како алатка за унапредување на парламентарната етика, за судирот на интереси, етичките норми, борбата со дискриминацијата и насилството во политиката.

Пратеникот Димитар Ковачевски во своето излагање потенцираше дека нашата држава направила големи чекори со носењето на регулутивата за парламентарна етика и интегритет и се осврна на предизвиците со кои се соочиле при подобрување на механизмите за интегритет како и за тоа како етичките кодекси влијаат врз перцепцијата на граѓаните за политичарите.

На Конферецијата зедоа учество пратеници, членови на надлежните комисии од Парламентите на Ерменија, Португалија, Украина, Молдавија, Велика Британија, Шведска, Германија и Србија, како и експерти од ОДИХР, ГРЕКО и Советот на Европа.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Остани поврзан