Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел
- Претставник на Хамас кој побара да остане анонимен додаде дека Хамас истражува што се случило.

Газа, 21 февруари 2025 (МИА) - Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.
Претставник на Хамас кој побара да остане анонимен додаде дека Хамас истражува што се случило.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава го обвини Хамас за „сурово кршење“ на примирјето во Појасот Газа затоа што не го врати телото на Шира Бибас како што вети.
Вооруженото крило на Хамас потврди дека утре ќе ослободи шест свои заложници од Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари по 15 месеци војна.
Израелскиот Форум на семејствата на заложниците неделава веќе ги објави имињата на шестемина заложници што треба да бидат ослободени.сд/
фото:ЕПА