• петок, 05 декември 2025

Францускиот Парламент ја суспендираше реформата на пензискиот систем

Францускиот Парламент ја суспендираше реформата на пензискиот систем

Париз, 12 ноември 2025 (МИА) – Парламентот на Франција денеска ја суспендираше непопуларната реформа на пензискиот систем од 2023 година, проект на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон.

Одлуката е донесена со 255 гласови „за“ и 146 „против“, со поддршка од социјалистите, Зелените и ултрадесничарската партија Национален собир. „Воздржани“ беа пратениците од коалициската партија на Макрон – Ренесанса, додека „против“ беа пратениците од радикалната партија Непокорена Франција и комунистите.

Усвоениот закон го суспендира постепеното зголемување на возраста за пензионирање на 64 години до јануари 2028 година, како и планираното зголемување на задолжителниот минимален број месечни пензиски придонеси.

Во пракса, генерацијата родена во 1964 година би се пензионирала на 62 години и 9 месеци (како претходната генерација) наместо на 63, што беше предвидено со реформата. Тие би се пензионирале со најмалку 170 месечни придонеси наместо 171. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан