Форум за социјални претприемачи
- Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).
Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) организираат форум за социјални претприемачи.
Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).
На форумот ќе учествуваат претставници на институции, граѓански организации, приватниот сектор и млади социјални претприемачи.
Главната цел на настанот е да се поттикне соработката за развој на социјалното претприемништво како поттик за вработување на младите, јакнење на заедницата и подобрување на регионалната соработка преку меѓукултурен дијалог. бак/лв/
Фото: МИА архива