Формирани двојките за четвртфиналето во плејофот на МЛС
- Познати се сите учесници во четвртфиналето во плејофот на американската МЛС-лига.
Вашингтон, 10 ноември 2025 (МИА) – Познати се сите учесници во четвртфиналето во плејофот на американската МЛС-лига.
Последен тим кој обезбеди пласман помеѓу осумте најдобри е Сан Диего кој ноќеска го совлада Портланд со 4:0 во третиот натпревар од серијата од осминафиналето.
Четвртфинални двојки во плејофот на МЛС:
Интер Мајами – Синсинати
Филаделфија јунион – Њујорк Сити
Сан Диего – Минесота јунајтед
Ванкувер вајткепс – Лос Анџелес. зс/
Фото: ЕПА