Фонсека назначен за тренер на Олимпик Лион
- Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека и официјално е назначен за тренер на Олимпик Лион, објави прес-службата на францускиот клуб на својата официјална веб-страница. Договорот со Португалецот е до летото 2027 година.

Лион, 31 јануари 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека и официјално е назначен за тренер на Олимпик Лион, објави прес-службата на францускиот клуб на својата официјална веб-страница. Договорот со Португалецот е до летото 2027 година.
-Пауло Фонсека и неговиот тим ќе имаат задача да започнат нов циклус и да го изведат клубот на највисоко ниво во втората половина од сезоната, како и да ја остварат главната цел да учествуваат во Лигата на шампионите следната сезона, изјави клубот, се вели во соопштението.
Фонсека беше на чело на Милан од јуни до декември 2024 година. Претходно, Пауло работеше како главен тренер во Авес, Порто, Брага, Пакош де Фереира, Шахтјор, Лил и Рома.
Фонсека од трибините го следеше ремито помеѓу Олимпик Лион и Лудогорец (1:1) во последниот натпревар од групната фаза синоќа.
На овој натпревар Лион беше предводен од привремениот тренер Жорж Масиел по отказот на Пјер Саж. дс
Фото: Архива