• петок, 05 декември 2025

Флик: Против Бриж го немавме потребниот интензитет

Флик: Против Бриж го немавме потребниот интензитет

Барселона, 6 ноември 2025 (МИА) – Каталонскиот фудбалски гигант Барселона синоќа одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Бриж. Тренерот Ханси Флик недоволниот интензитет со кои настапија неговите избраници го посочи како причина за загубените два бода.

- Беше тежок натпревар. Барселона создаде шанси, но нашиот ривал се бранеше добро и беше агресивен. Ние не притискавме доволно добро и загубивме многу дуели, особено на средината на теренот. Тешко е за дефанзивците да си ја вршат работата во ваков натпревар. Барселона треба да работи на ова и внимателно да анализира сè. Треба да играме поинтензивно без топката, да бидеме внимателни и да не им дозволиме на тимовите да создаваат шанси со еден или два допира на топката, изјави Флик.

Барселона со седум освоени бода се наоѓа на 11. место на табелата. Клуб Бриж е на 22-ро место со четири бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан