Флик: Освојувањето на ЛШ е многу тешко, но ќе се бориме до крај
- Тренерот на Барселона, Ханс Флик е задоволен од пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој знае колку е тешко д асе стигне до трофејот, но верува во квалитетите на неговиот тим.

Барселона, 30 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс Флик е задоволен од пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој знае колку е тешко д асе стигне до трофејот, но верува во квалитетите на неговиот тим.
Барселона синоќа одигра 2:2 со Аталанта во 8. коло и првата фаза ја заврши на втората позиција.
- Го направивме првиот чекор во Лигата на шампионите и ова е голем успех за тимот и за клубот. Следната фаза ќе биде многу тешка. Ќе има одлични натпревари со големи клубови. Освојувањето на Лигата на шампионите е навистина една од најтешките задачи. Тешко е, но ние сме позитивни. Ќе се бориме до крајот на сезоната, изјави Флик, ја цитира прес-службата на УЕФА.
Барселона постигна 19 бодови, го зазеде 2. место во поредокот и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА