Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта
- Во Собранието денеска ќе се одржи Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта, во организација на Парламентарниот институт.
Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта, во организација на Парламентарниот институт.
На темата за дискусија „Врсничко насилство“ ќе дебатираат учениците од СОУ „Раде Јовчевски“ – Корчагин од Скопје, на темата „Младинска невработеност“ учениците од СОУ „Гоце Делчев“ од Куманово, а на темата „Лажни вести (fake news)“ учениците од СОУ „Ѓорѓи Димитров“ од Скопје. На крајот на настанот предвидено е евалуација на работилницата и прогласување на победниците
Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. фф/лв/
Фото: МИА Архива