• петок, 21 февруари 2025

Фидан: Турција прими 15 Палестинци ослободени од затворите во Израел

Фидан: Турција прими 15 Палестинци ослободени од затворите во Израел

Истанбул, 4 февруари 2025 (МИА) - Турција прими 15 Палестинци неодамна ослободени од израелските затвори во рамки на примирјето меѓу Израел и Хамас.

Ова денеска пред новинарите во Анкара го изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан по средбата со неговиот египетски колега Бадр Абделати.

Тој не кажа кога пристигнале преку Каиро, каде Турција им издала визи, ниту од каде дошле или каков е нивниот статус.

Во текот на шесте недели од првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој започна на 19 јануари, треба 25 Израелци заробени во Појасот Газа и телата на осум заложници, да се разменат за околу 1.900 Палестинци кои се држат во израелските затвори.

Кога, во четвртиот круг на размена во саботата, Хамас ослободи тројца израелски заложници заробени за време на упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година, Израел ослободи 182 Палестинци и еден Египќанец, соопшти Здружението на палестински затвореници. Од тој број, 150 беа испратени во Појасот Газа, а 25 во окупираниот палестински Западен Брег. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан