• сабота, 22 февруари 2025

Фетаи - Абдиќ: Помош и поддршка од ОБСЕ за менаџирање со запленетиот имот и негова општествена пренамена

Фетаи - Абдиќ: Помош и поддршка од ОБСЕ за менаџирање со запленетиот имот и негова општествена пренамена

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше средба со делегација на ОБСЕ од Одделението за организираниот транснационален криминал и корупцијата, предводена од проектниот офицер, Мерима Абдиќ, на која, како што информираат од Кабинетот на Фетаи, било разговарано за спроведување на проектот за зајакнување на напорите за поврат на имот во регионот на ОБСЕ. 

На средбата, Абдиќ го презентирала проектот и подвлекла дека борбата против корупцијата останува приоритет на ОБСЕ, како и на главните поддржувачи на проектот, САД и ЕУ.  Таа, се вели во соопштението, изразила подготвеност преку проектот да споделат искуства за менаџирањето со запленетиот имот и повторената општествена пренамена на имотот. 

Вицепремиерот Фетаи, се вели во соопштението од неговиот кабинет, на средбата информирал за неговата улога како претседавач на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата истакнувајќи го залагањето за брзото донесување на новата стратегија за конфискација на имот, која е во владина процедура.

Посебен акцент, се посочува во соопштението, бил даден на поддршката на ОБСЕ на институциите одговорни за примената на стратегијата како и на унапредување и повторена општествена пренамена на средствата стекнати од продажбата на запленетиот имот. аа/мд/

Фото: Кабинет на вицепремир за добро владеење

 

Остани поврзан