Фестивал на австралиски филм во Кинотеката на Македонија
- Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива исто така и Македонија и Црна Гора, во соработка со Кинотеката на Македонија, на 28 и 29 ноември организира дводеневен Фестивал на австралиски филм.
Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива исто така и Македонија и Црна Гора, во соработка со Кинотеката на Македонија, на 28 и 29 ноември организира дводеневен Фестивал на австралиски филм.
Како што соопшти Кинотеката, настанот се организира по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија.
Во Кинотеката в петок, 28 ноември од 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners) од 2023-та на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, а наредниот ден ќе следува проекција на комедијата „Дворска пепел“ (Backyard Ashes) од 2013 година, во режија на Марк Грентел. хс/вј/
Фото: Кинотека на Македонија