Феникс се врати во својата сала и загуби од Чаир
- Во последниот натпревар од 9. коло на кошаркарската Супер лига, екипата на Чаир стигна до гостинска победа во дуелот со Феникс во реновираната сала „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари.
Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Во последниот натпревар од 9. коло на кошаркарската Супер лига, екипата на Чаир стигна до гостинска победа во дуелот со Феникс во реновираната сала „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари.
Резултати во 9. коло:
Феникс – Чаир 71:81
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 101:79
МКК Куманово – Тиквеш Голден Игл 94:77
Пелистер – ТФТ 83:87
Ангели – Работнички 73:117
Маџари – Гостивар 78:64.
Води ТФТ со 17 бода, пред МЗТ Скопје А со 16, Пелистер и Куманово имаат по 15. зс/
Фото: КФСМ архива