• петок, 21 февруари 2025

Фезер: Германија работи на депортацијата на криминалците во Авганистан

Фезер: Германија работи на депортацијата на криминалците во Авганистан

Берлин, 23 јануари 2025 (МИА) - Германија интензивно работи на депортирање на поголем број криминалци назад во Авганистан, изјави денеска министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

„Ние сме единствената земја во Европа која депортира сериозни криминалци назад во Авганистан за првпат по владеењето на талибанците. И би сакала многу јасно да кажам дека работиме напорно за да ги депортираме новите криминалци во Авганистан“, рече таа.

Фезер, исто така, истакна дека Даблинскиот систем, според кој нечие барање за азил мора да се обработи во првата земја на пристигнување, „повеќе не функционира“.

Таа ја даде изјавата еден ден откако Авганистанец, чие барање за азил во Германија беше одбиено, уби две лица, меѓу кои и двегодишно момче, во баварскиот град Ашафенбург. Во нападот во градски парк беа повредени и три лица, меѓу кои и едно дете, а полицијата го уапси сторителот. паг/

 

 

Остани поврзан