• сабота, 22 февруари 2025

Федерацијата на потрошувачи на Грција ги повикува граѓаните на бојкот на пазарот на 19 февруари поради високите цени

Федерацијата на потрошувачи на Грција ги повикува граѓаните на бојкот на пазарот на 19 февруари поради високите цени

Атина, 6 февруари 2025 (МИА) – Целосно да се бојкотира пазарот и граѓаните да не потрошат ниту едно евро на 19 февруари, повикаа од Федерацијата на потрошувачи на Грција (ИНКА) поради високите цени, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку соопштението велат дека „доста е со измамите, профитерство и заработките на сметка на граѓаните“.

- Ако е можно, на тој ден да не потрошиме ниту едно евро за банките, државата, за вода, струја, телефони, гориво, за супермаркети, кафулиња, ресторани, трговија, продавници за бела техника и никаде на друго место на пазарот. Сите заедно да испратиме порака дека газди на пазарот се граѓаните и потрошувачите, соопштија од Федерацијата и велат дека 19 февруари е ден кога треба потрошувачите да ја покажат нивната сила.

Станува збор за прв повик за бојкот во Грција, откако вакви иницијативи веќе имаше кај нас и во регионот. ср/ссм/

 

Остани поврзан