Фати сака да остане во Барселона и покрај недостатокот на минутажа
- Иднината на играчот на Барселона, Ансу Фати (22) останува нејасна, а за него се уште нема конкретни понуди, пишува шпанското издание football-espana.net.

Барселона, 27 јануари 2025 (МИА) - Иднината на играчот на Барселона, Ансу Фати (22) останува нејасна, а за него се уште нема конкретни понуди, пишува шпанското издание football-espana.net.
Напаѓачот има само еден старт во Ла Лига од почетокот на сезоната, што ја доведе во прашање довербата на главниот тренер Ханси Флик во него и повторно се појави опцијата да го испрати на позајмица во друга екипа.
-Немам нови информации за Ансу Фати. Тој сака да остане, тоа е добро. Но, другите заслужија да играат (против Валенсија). На тренинзите се покажува многу подобро. Напредува, а ние ќе му помогнеме, изјави Флик по победата од 7-1 над Валенсија во неделата. дс
Фото: Архива