• петок, 21 февруари 2025

Фарел: Австралија го зголеми извозот на алуминиум со одобрение од САД

Фарел: Австралија го зголеми извозот на алуминиум со одобрение од САД

Канбера, 13 февруари 2025 (МИА) - Австралискиот министер за трговија Дон Фарел денеска изјави дека Австралија го зголемила своето производство на алуминиум за извоз во САД по одобрението од администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

Фарел тоа го изјави за телевизијата Еј-Би-Си откако Канбера побара да биде изземена од американските царини за алуминиум и челик.

Тој посочи дека Австралија го зголемила извозот на алуминиум во САД откако испораките од Русија биле прекинати кога започна војната во Украина. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан