• петок, 12 декември 2025

Уште еден протест во Тунис против претседателот Сајед

Уште еден протест во Тунис против претседателот Сајед

Тунис, 22 ноември 2025 (МИА) – Илјадници граѓани денеска протестираа во Тунис поради „неправдата и репресиите“ и против претседателот Каис Сајед, кого го обвинуваат дека ги користи судскиот систем и полицијата за да остане на власт.

Денешниот митинг е уште еден од бранот протести што го зафатија Тунис. На протестот учествуваа и новинари, лекари, вработените во банките и во јавниот транспорт. Демонстрантите побараа и затворање на хемиска фабрика поради еколошки причини.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Доста е репресии“, „Без страв, без терор, улиците припаѓаат на народот“ и извикуваа „Народот сака пад на режимот“ и „Се задушивме“.

Политичката и економската криза во Тунис е голем предизвик за претседателот Сајед, кој е на власт од 2021 година. ми/паг/

фото: ЕПА

Остани поврзан