• петок, 21 февруари 2025

Утре без струја делови од општините Карпош и Гази Баба

Утре без струја делови од општините Карпош и Гази Баба

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Утре без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Гази Баба, информираат од РЦУК.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот ќе имаат дел од корисниците од село Стајковци, место викано Попово Маало во општина Гази Баба. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан