• петок, 05 декември 2025

Уставниот суд на Грузија ќе разгледува барање за забрана на партијата на Сакашвили

Уставниот суд на Грузија ќе разгледува барање за забрана на партијата на Сакашвили

Тбилиси, 4 ноември 2025 (МИА) – Уставниот суд на Грузија прими барања за забрана на опозициската партија Обединето национално движење, формирана од поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили, како и на уште две опозициски партии.

Барањето е доставено од 88 пратеници на владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија.

Согласно законот, Уставниот суд има рок од девет месеци да го разгледа барањето и да донесе одлука.

Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе изјави дека тужбата е заснована на наодите на Парламентарната истражна комисија, која утврдила дека партијата Обединето национално движење од 2004 до 2012 година извршила бројни и систематски кршења на човековите права.

- Забраната на оваа партија, која е симбол на насилство и беззаконие од тој период, би бил чекор кон расчистување на политичкиот простор и стабилизирање на грузиското општество, посочи Кобахиѕе.

Сакашвили, кој е во затвор, повеќе пати тврдеше дека е цел на политички прогон, а актуелната Влада влада се обидува да ја елиминира опозицијата пред претстојните избори. ми/

фото: Уставен суд на Грузија

Остани поврзан