• среда, 10 декември 2025

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на документарец и повик за активно граѓанско учество

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на документарец и повик за активно граѓанско учество

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и одбележувањето на 60- годишниот јубилеј, Уставниот суд објавува видео-документарец посветен на улогата и значењето на Судот во заштитата на уставноста и темелните слободи и права.

Прес-конференција на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

-Во видеото е вклучена и порака од претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски со повик за поголема правна култура, почитување на човековите права и активно граѓанско учество, се наведува во соопштението од Судот.

Документарецот нуди хронолошки преглед на настаните при формирањето на Судот, ги прикажува најзначајните датуми од неговиот развој и ги објаснува уставните надлежности. 

-Целта на овој документарец е подигнување на свеста кај граѓаните за темелните права и слободи, истакнувајќи ја важноста на Уставниот суд во нивната заштита. Граѓаните ќе добијат подлабоко разбирање за своите права и механизмите кои ги штитат, велат од Уставниот суд. дма/са/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан