Успешно реализирана крводарителска акција по повод 19 години постоење на ЈП Паркинзи на Општина Центар
- По повод одбележувањето на 19-годишнината од своето основање, ЈП Паркинзи на Општина Центар успешно ја реализираше традиционалната крводарителска акција, четврта по ред, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија.
Скопје, 16 декември 2025 (МИА) – По повод одбележувањето на 19-годишнината од своето основање, ЈП Паркинзи на Општина Центар успешно ја реализираше традиционалната крводарителска акција, четврта по ред, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија.
Вработени и граѓани доброволно даруваа крв, уште еднаш потврдувајќи дека хуманоста и општествената одговорност се составен дел од работењето на претпријатието.
Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски, истакна дека ваквите активности имаат особено значење за заедницата.
-Крводарителството е чин на хуманост кој директно спасува животи. Горди сме што по четврти пат организираме ваква акција и што нашите вработени и граѓаните секогаш покажуваат висока свест и солидарност. ЈП Паркинзи на Општина Центар и понатаму ќе биде активен партнер во сите иницијативи кои носат добро за заедницата.
Од претпријатието упатија искрена благодарност до сите крводарители, како и до Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија за професионалната поддршка и одличната организација.
ЈП Паркинзи на Општина Центар и во иднина ќе продолжи со реализација на хумани и општествено одговорни активности, со цел градење посолидарна и похумана заедница.свс/вј/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар