УНИЦЕФ: Израел блокира шприцеви за вакцинирање на деца во Појасот Газа
- Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека Израел утрово на границата со Појасот Газа запленил основни артикли, меѓу кои 1,6 милиони шприцеви за вакцинирање на деца и фрижидери на сончева енергија за складирање на вакцините, 938.000 шишиња адаптирано млеко и резервни делови за камиони што транспортираат вода
Њујорк, 11 ноември 2025 (МИА) – Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека Израел утрово на границата со Појасот Газа запленил основни артикли, меѓу кои 1,6 милиони шприцеви за вакцинирање на деца и фрижидери на сончева енергија за складирање на вакцините, 938.000 шишиња адаптирано млеко и резервни делови за камиони што транспортираат вода.
- Децата чекаат царинско одобрение од август. Израел верува дека шприцевите и фрижидерите имаат двојна намена и затоа е толку тешко да се добијат дозволи и да се поминат проверките, а во исто време, ова се итно потребни стоки, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес.
Терминот „двојна намена“ во овој случај значи дека, според Израел, станува збор за предмети што можат да имаат и цивилна и воена примена.
УНИЦЕФ на 9 ноември ја почна првата од трите рунди на имунизација, чија цел е да се вакцинираат повеќе од 40.000 деца под три години против детска парализа, сипаници и пневмонија. На првиот ден од кампањата, беа вакцинирани повеќе од 2.400 деца. ми/
фото: МИА архива