• петок, 05 декември 2025

Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка

Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка

Белград, 11 ноември 2025 (МИА) - Асоцијации на универзитетски професори и соработници ги повикаа администрациите на сите факултети на државните универзитети во Србија да ја прекинат наставата утре, среда, 12 ноември, и да ѝ дадат целосна поддршка на Дијана Хрка и барањето за распишување избори што таа го направи со штрајкот со глад.

Тие исто така ги повикаа сите универзитетски работници и студенти, како и граѓаните, да дојдат тој ден пред српскиот Парламент во 11:30 часот за да ја поддржат и во 11:52 часот да му оддадат почит на нејзиниот син Стефан Хрка и на сите оние кои ги загубија животите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани.

Во повикот се наведува дека по неколкумесечни студентски блокади и прекин на наставата на сите државни универзитети во земјата, факултетите во текот на летото, барајќи излез од речиси безнадежната ситуација, се вратија на наставата и испитите и ја завршија академската година.

„Во исто време, државата исполни само мал дел од своите обврски и тоа со големо задоцнување; - како во случајот со одредувањето квоти за запишување студенти во првата година од студиите - додека се чини дека нема намера да ги исполни другите. Неуставниот и незаконски Правилник 5/35 е на сила веќе седум и пол месеци“, се вели во соопштението.

Предупредено е дека автономијата на универзитетите е загрозена како никогаш досега.

„Со денови, силни полициски сили ги окупираа зградите на неколку факултети во Нови Сад, а Владата донесе одлука за основање нов факултет на Универзитетот во Ниш, и покрај фактот што надлежните универзитетски тела го отфрлија предлогот со убедливо мнозинство“.

Тие додаваат дека „општата состојба во општеството, предизвикана од неодговорните постапки на властите, ја оневозможува посветената наставна и научна работа на универзитетот“. 
Дијана Хрка од 2 ноември штрајкува со глад пред српското Собрание. зш/

 

Остани поврзан