Умерен земјотрес регистриран на Камчатка
- Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран источно од Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар
Москва, 7 ноември 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран источно од Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на отворено море на длабочина од 40 километри, на оддалеченост од 129 километри од градот Петропавловск Камчатски.
Засега нема информации за евентуално повредени луѓе и причинета материјална штета.
По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.
Камчатка на 30 јули беше погодена од најсилниот земјотрес со интензитет од 8,8 степени. ми/
фото: МИА архива