Умерен земјотрес регистриран во Чиле
- Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Чиле
Сантјаго, 10 ноември 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Чиле.
Земјотресот бил на околу 24 километри оддалеченост од градот Антофагаста, а епицентарот бил на длабочина од 47 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива