Украински министер за одбрана: НАТО е обединет во поддршката за Украина
- Министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров денеска изјави дека сите земји членки на НАТО ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската агресија и изрази благодарност за нивната помош.

Брисел, 13 февруари 2025 (МИА) - Министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров денеска изјави дека сите земји членки на НАТО ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската агресија и изрази благодарност за нивната помош.
- Го продолжуваме отпорот, способни сме и ќе постигнеме резултати, нагласи Умеров на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте истакна дека целта е Украина да биде во најдобра можна позиција пред евентуалните мировни преговори.
- На крајот, мора да обезбедиме траен мировен договор што ќе спречи рускиот претседател Владимир Путин повторно да се обиде да анектира украинска територија, рече Руте.
Тој потсети дека во текот на минатата година, земјите на НАТО обезбедиле воена поддршка за Украина во вредност од над 50 милијарди евра. ссм/
фото: ЕПА